За брзо возење во Скопје казнети 164 лица

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените сообраќајни акциски контроли и на територија на град Скопје изрече вкупно 393 казни. 

Од овие 393 казни, за возење без возачка дозвола казнети се 27 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 164 лица, за нерегистрирани и технички неисправни возила имало 22 казни, 16 за мотоциклисти, 92 за непрописно паркирани возила, 85 возила биле подигнати со пајак, а изречени се и 37 казни за неносење на заштитна маска. 

Засилените сообраќајни контроли, како што најавува МВР, продолжуваат и во наредните денови и оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемување на безбедноста во сообраќајот.

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе