За брзо возење вчера во Скопје казнети биле 73 возачи, а 100 за непрописно паркирање

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје казнети се 73 возачи за брзо возење, двајца биле под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и еден почетник, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои во две со лесни телесни повреди се здобиле две лица, а во две е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 78 возила.

МВР информира дека од сообраќај се исклучени едно технички неисправно возило и 15 нерегистрирани возила. На црвено светло поминале пет возачи, едно лице не носело зимска опрема во возилото, 30 не носеле сигурносен појас и 33 користеле мобилен телефон.

Казнети се и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна сообраќајна мерка на која ќе присуствуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе