На улиците и патиштата

За брзо возење казнети 330 возачи

За време на вчерашните радарски контроли во повеќе населени места како и на повеќе локации на патиштата низ земјава, сообраќајната полиција казни вкупно 330 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина.

Од вкупно 330 казнети возачи, 34 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 139 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 191 на отворен пат, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР им порачуваат на возачите да не ја надминуваат дозволената брзина, но и да ја прилагодуваат брзината согласно условите на патот.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе