За брзо возење казнети 323 возачи, од нив 46 во Скопје

Во рамки на акциска контрола полицијата вчера на територијата на целата држава санкционирала 323 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, а од нив 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, информира МВР.

Најголем број од казните се изречени на територија на СВР Штип - 60, потоа на територија на СВР Битола - 49, а на територија на СВР Скопје пишани се 46 казни.
Инаку, во Скопје вчера биле изречени вкупно 206 мерки и освен за брзо возење, изречени се 20 санкции за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 15 за возење без возачка дозвола, 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за возење под дејство на алкохол, пет за возач почетник, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и 28 санкции за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе