За брзо возење казнети 275 возачи, од нив 62 во Скопје

Вкупно 275 возачи на територијата на целата држава биле казнети вчера за возење со брзина поголема од дозволената, од кои осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од вкупниот број казнети за брзо возење 62 се во Скопје. Освен за брзо возење во Скопје се напишани и 19 казни за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 17 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.  
Исто така, изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, пет за непочитување на првенство на минување, 66 санкции за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе