Во Скопје полицијата изрече вкупно 143 казни за разни прекршоци покрај за брзо возење, од тоа 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за користење мобилен телефон при возење, а изречени се и други прекршочни санкции.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.