За брзо возење казнети 202 возачи, од нив 43 во Скопје

Во текот на вчерашниот ден со радарска контрола регистрирани се 202 возачи кои ја надминале дозволената брзина, а од нив 43 санцкии за брзо возење се изречени на територијата на Скопје.  Од вкупно казнетите 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.  Четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Полицијата изрече и други вид на казни.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се и 14 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на црвено светло, пет санкции за нерегистрирани возила и  девет мерки за возач почетник...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, потсетува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе