Од санкционираните 174 возачи, седум возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните знаци и правила, а брзината да се прилагодува и на условите на патот.