За 6 часа полицијата фати 913 брзи возачи во земјава

Вчера во периодот од 09.00 до 15.00 часот полицијата спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 913 возачи, информира МВР.

Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место.
Само на територијата на Скопје,пак, вчера изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои 184 за возење повеќе од дозволената брзина, 32 за возење под дејство на алкохол, 14 за возење без возачка дозвола и десет за возач почетник.
Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе