Обвинителство

За 34 скопјани се бара казна од по 2.000 евра за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје побара парична од по 2.000 евра за 34 граѓани на Скопје кои не го почитувале полицискиот час.

Како што соопштија од Обвинителството, сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење и за време на полицискиот час биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат соодветни дозволи за движење.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за секој од обвинетите да изрече паричнa казнa во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

 

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе