За 3 часа МВР фати 126 „брзи возачи“ на ноќен радар

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21:00 до 24:00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, полицијата спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 126 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

При тоа 72 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе