За 24 часа во Скопје казнети 190 возачи

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 190 мерки, меѓу кои 22 за возење повеќе од дозволената брзина, 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 22 за возење без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила.

МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе