Пријавено е дека едно лице со закана со остар предмет одзело пари од казино во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомираат од тетовската полиција.
Во неделата во 22.30 часот беше пријавено дека две лица, со закана со оружје од спортска обложувалница во тетовско Теарце одзеле пари.
Разбојништво, односно одземање на пари од страна на две лица со оружје пријавил и 39 годишник од скопско Моране вчера околу 20:30 часот на патот од тетовско Боговиње кон Жеровјане.