МВР

Врз скопјанец пукано додека пешачел низ Чаир

Вчера во 23.30 часот во СВР Скопје, Е.Б.(33) од Скопје пријавил дека, додека се движел пеш по сервисна улица помеѓу ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“, едно лице испукало неколку пати од пиштол кон него, но не го погодило.

„Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека две зрна завршиле во угостителски објект, едно во објект на бензинска пумпа и едно во помошна просторија на пумпата. Повредени нема, а извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе