Пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

Издала невалидно одобрение за управување туѓо моторно возило на странски државјанин

Вработена во станица за Технички преглед во струшкото село Мислешево ја злоупотребила службената положба со издавање одобрение за управување туѓо моторно возило на странски државјанин. СВР Охрид денеска информира дена четириесет годишната А.К. од Струга добила кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Пријавената, како вработена во станица за технички преглед во струшкото село Мислешево, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, на физичко лице му издала одобрение за управување на туѓо моторно возило за странски државјанин, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

При контрола на граничен премин, додаде, било утврдено дека одобрението не е валидно и дека недостасуваат потписи од корисникот и сопственикот на возилото.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе