Вработен во МВР во Прилеп испукал од службен пиштол во канцеларија

Денеска околу 15.15 часот во канцеларија на Агенцијата за национална безбедност сместена во полициска станица во Прилеп З.М., вработен од МВР од службен пиштол испукал еден куршум во подот.

„Од испукувањето нема повредени, причинета е незначителна материјална штета. Известен е јавен обвинител. Извршен е увид на лице место. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе