Вработен во Македонска пошта од Тетовско 4 месеци крадел пари од пензионерка

Вработен во Македонска пошта – подружница ЦРПС Тетово, Долно Палчиште, Тетовско, неколку месеци крадел пари од сметката на пензионер. Против него е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот В.С.(32) од тетовско, во периодот од јануари до 28 април оваа година крадел пари од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примателка на пензија.

„Пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и кривичното дело „злоупотреба на лични податоци’’. При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Република Северна Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал“, информираат од МВР.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе