Поради претходна расправија

Вперен пиштол и закана по живот за скопјанец додека бил со жената и малолетното дете

Ноќеска во 2 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.З. пријавил дека бил нападнат пред зградата во која живее.

Според пријавата на 12 март околу 22.30 часот додека се враќал кон неговиот дом лоциран на улицата „Крсте Арсенов“ заедно со неговата сопруга и малолетното дете, пред влезот од зградата ги забележал како стојат Ш.З. и Љ.З.

Тие почнале вербална  расправа со пријавителот, а Љ.З. почнал да го влече и извадил нож и со истиот замавнал кон него, но С.З. успеал да се оттргне. Ш.З. извадил пиштол, кој го репетирал и го вперил кон С.З. заканувајќи се дека ќе го убие.

Причина за нападот била нивна претходна расправија.

Полицијата  презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе