Според неофицијални информации се работи за кражба

Возилото што падна во Вардар било на вработен во „Аџибадем Систина“, во него немало луѓе

Возилото што претпладнево беше извадено од реката Вардар е во сопственост на вработен во болницата „Аџибадем Систина". Во него немало патници, а треба да се утврди како завршило во водите на реката Вардар. 

Вработениот утрово дошол на работа и го паркирал својот автомобил на паркингот во близина на реката.

Според првичните, неофицијални информации се работи за обид за кражба. 

Автомобилот беше извлечен во близина на пешачкиот мост кај болницата „Аџибадем Систина" со помош на сајли што преку водите на Вардар ги поставија спасувачките екипи од Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе