На магистралниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце

Возило излетало од патот и удрило во дрво

Сопатничка била тешко повредена, а возачот и уште еден сопатник полесно кога со автомобил со бугарски национални ознаки во кој се возеле удрил во дрво, вчера попладнето на магистралниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, кај месноста Бели Грамаде.

„Вчера во 17.30 часот, на магистралниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, кај месноста Бели Грамаде, автомобил „сеат ибица“ со бугарски национални ознаки, управуван од И.Д.(42) од Куманово, излетал од коловозот и удрил во дрвo. Од ударот тешко била повредена сопатничката Ј.Н., а возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. биле полсено повредени. Тројцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово“, соопштуваат од МВР.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе