Возило излета од патот Прилеп-Кавадарци

Прилепчанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп-Кавадарци.

Според МВР, вчера во 17:30 било пријавено дека на патот Прилеп – Кавадарци, кај каменоломот, патничко возило „форд фиеста", со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот М.С. од Прилеп, излетало од патот.

Во незгодата сопатникот од возилото, 38-годишниот Х.С. од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе