Возеле без возачка и немале заштитна кацига - казнети 52 возачи на мотоцикли

Денеска во периодот од 14.00 до 20.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на ОВР Гостивар за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи.

Од нив, 32 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе