Вечерна раздвиженост и релаксираност

Возел со 2,5 промили алкохол, 14 пијани возачи регистрирани во Охрид

МВР информира дека синоќа била спроведена неколкучасовна сообраќајна контрола во Охрид и дека за тоа време со дрегер - уред биле регистрирани 14 возачи кои биле под дејство на алкохол. Во исто време спроведена е контрола во повеќе места и вкупно се казнети 124 возачи за истиот прекршок. На прикажаната фотографија се гледа дека за еден од возачите уредот покажал 2,52 промили алкохол, што е многу високо ниво и покажува неспособност за учество во сообраќајот.

„Во текот на вчерашната вечер (15/16.01.2022) во периодот од 21 до 3 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид, при што санкционирани се 14 возачи. Во истиот временски период спроведена е контрола и на подрачјето на СВР Штип каде се регистрирани 11 возачи кои управувале под дејство на алкохол.Вкупно во државата се казнети 124 возачи, од кои 38 во Скопје, а 13 во Битола. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе