Возел со 204 км на час, фатен на радар на автопатот Куманово - Скопје - Велес

Од вчерашните радарски контроли на брзината на возилата на автопатот Куманово - Скопје - Велес полицијата со јавноста сподели фотогафија од еден од своите уреди на која се гледа дека е регистрирано возило кое се движи со 204 километри на час.

МВР информира дека мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на акциската контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирала вкупно 143 возачи.

„Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат од МВР.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе