Од МВР велат дека од вкупно 195 санкционирани возачи, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 126 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат да се почитуваат ограничувањата на брзината и да се почитуваат сите сообраќајни правила и прописи.