Возел со 193 километри на час, полицискиот радар „фати“ уште 407 брзи возачи

Министерството за внатрешни работи oд време на време со медиумите споделува фотографии од екранот на полициските радари на кои се гледа со колку километри на час се движело некое возило на чиј возач му е изречена строга прекршочна казна за големо пречекорување на дозволената брзина. Често пати на тие фотографии може да видат возила кои се движеле со брзина од околу 200 километри на час и повеќе од тоа. Вчера е регистрирано возило како во 13 часот по автопат вози со брзина од 193 километри на час.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се вели дека за време на вчерашните засилени акциски контроли на патишата и улиците во земјава се санкционирани 408 возачи за брзо возење.

„Од нив 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 173 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место“, прецизира МВР.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе