Возел многу пијан па „дувнал“ 3,39 промили во полицискиот дрегер

Полицијата сподели фотографија направена од екранот на „дрегер“ уред, која покажува дека еден возач бил во многу алкохолизирана состојба, апаратот прикажал дека има 3,39 промили во крвта. Со контролата на полицајците на територијата што ја покрива СВР Битола се казнети 53 возачи кои седнале да возат иако биле пијани. На територијата на Македонија во текот на ноќта за возење во алкохолизирана состојба биле казнети вкупно 91 возач.

Најголемиот број од санкционираните од страна на полицијата на СВР Битола се на подрачјето на градот - 20, потоа на подрачјето на Прилеп - 22, пет возачи во Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, двајца во Македонски Брод и една санкција е изречена во Крушево.

Во Велес пак, се казнети осум возачи, а казни се напишани и во други градови, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Контролата е спроведена во периодот од 23 часот до 5 часот утринава.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе