Во Куманово

Возачот го омаловажувал, а жените го фатиле за врат полицаецот од пајак службата

Вчера во Секторот за внатрешни работи-Куманово, полициски службеник пријавил дека на 19 февруари околу 10.50 часот во Куманово на улицата „11 Октомври", при вршење служба со специјално возило „пајак" од страна на А.Е.(55) од Куманово кој управувал автомобил поло, бил омаловажуван.

Според полицијата откако на А.Е. му било наредено да излезе од возилото, тој му ја одзел радио врската на полицискиот службеник. Тогаш од возилото излегле и две женски лица кои физички го нападнале полицискиот службеник влечејќи го за вратот.

Во полициска станица бил приведен А.Е., а повикани на службен разговор биле В.Е.(62) и С.А.(28) и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок, информираа од полицијата.

 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе