Возачи во Скопје фатени зад волан без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и во Скопје изречени се вкупно 112 мерки. Од МВР апелаираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 112 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, девет мерки за минување на возила на црвено светло, две за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за непрописно паркирање, две за нерегистрирани возила, 10 за користење на мобилен телефон, три за вградени нетестирани фолии(затемнети стакла), две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

 

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе