Возач загина во сообраќајка на магистралниот пат Струмица-Радовиш

33-годишен Радовишанец синоќа загина во сообраќајќа излетувајќи од коловозот на магистралниот пат Струмица-Радовиш.

На магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делницата за Струмица до Василевска раскрсница, ноќеска во 1:10 часот, Ј.Ц.(33) од с. Ораовица, Радовишко, управувајќи патничко возило „опел зафира" со радовишки регистарски ознаки удрил во патничко возило „фолксваген голф" со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (40) од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот.

Како што соопштуваат од МВР, Ј.Ц. починал на местото на настанот, додека смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе