Возач со БМВ полно мигранти излетало од патот, возачот побегнал

Возило излетало од патот кај Демир Капија, по што возачот побегнал, а во неговиот автомобил биле пронајдени мигранти.

„На 28.08.2020 во 16,10 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино од полициски службеници било забележано патничко моторно возило „бмв" со скопски регистарски ознаки, кое излетало од патот, а возачот се дал во бегство.

Во возилото пронајдени биле осум мигранти (седум од Бангладеш и еден од Пакистан, сите полнолетни)" велат од полиција.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар-Винојуг Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе