Според првичните информации со возилото побегнал кој Охрид

Возач усмртил пешак во Струга и побегнал

Педесет и две годишен пешак од Струга загинал во сообраќајна незгода, откако во него удрило мотороно возило во близина на индустриската зона во Струга.

СВР Охрид соопшти дека незгодата се случила вчера во 20 часот и 55 минути на магистралниот пат Струга – Ќафасан, кога непознато моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга.

„Лицето било пренесено во Општата болница во Струга каде им подлегнало на повредите. Возачот на автомобилот, го напуштил местото на сообраќајната незгода, а по извршениот увид од јавен обвинител и полициски екипи, ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според првичните информации, возилото продолжило да се движи кон Охрид.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе