Тешка сообраќајка во Тетово

Возач усмртил пешак и побегнал

Непознато лице прегазило пешак во Тетово и побегнало од местото на несреќата. Од здобиените повреди пешакот починал на лиц место. 

На 06.12.2020 во 17.27 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, непознато патничко возило удрило во пешакот И.А.(43) од с.Дебреше, по што го напуштило местото - информираат од МВР.

Пешакот починал на место на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе