Возач удрил во петгодишно девојче

 Петгодишно девојче од Пробиштип е повредено откако во неа удрило патничко возило марка „пежо", со непознати регистарски ознаки, по што возилото го напуштило местото.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15.45 часот на ул.„Јаким Стојковски" во Пробиштип.

-Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип, наведуват од МВР.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе