Возач удрил во паркирани автомобили и тешко повредил пешак

Момче од Кичево вчера предизвикало сообраќајка, удрило во две паркирани возила и повредило пешак. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Вчера во 12.15 часот било пријавено дека во Кичево, на ул.„Исеин Акиоски" патничко возило „форд ескорд", со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од Кичево, удрило во патничко моторно возило „опел вектра", со охридски регистарски ознаки, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во патничко возило „опел астра", со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В.Ш.(32) од Кичево.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. 

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе

Во Скопје се надеваат дека претстојните парламентари избори во Бугарија се една од причините поради кои владата на Бојко Борисов не попушта во врска со членството на Македонија во ЕУ.

повеќе

Упадот во американскиот Капитол што го извршија приврзаниците на Доналд Трамп како последен очаен обид да се поништи резултатот од изборите во 2020 година беше исто толку предвидлив колку и шокантен.

повеќе