Возач тешко повреден, со кола излетал од патот кај штипско Ерџелија

Вчера попладне во полиција било пријавено дека на надвозникот од локалниот пат с.Ерџелија - с.Кадрифаково, патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(23) од с.Ерџелија, излетало од патот, а возачот се здобил со тешки телесни повреди.

Повредениот М.Ѓ. бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе