Сообраќајка во Скопје

Возач со БМВ тешко повреди пешак

Возач со автомобил удрил пешак и тешко го повредил. Сообраќајката се случила во Скопје, а на местото бил извршен увид од полицијата. 

Според пријавеното, вчера околу 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„11-ти Октомври" во Скопје патничко моторно возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(31) од Скопје, удрило во пешакот Ф.Б.(66) исто така од Скопје.

Во незгодата, Ф.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски".

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе