Возач со автомобил усмрти мечка на автопатот Тетово-Скопје

Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот нема повредени луѓе. Поради ударот мечка е усмртена.

Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак", патничко моторно возило „шкода" со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе