Возач со автомобил удри во дрво, сопатничката тешко повредена

Жена е тешко повредена откако доживеала сообраќајна несреќа. До незгодата дошло откако возачот на автомобилот во кој повредената била сопатничка изгубил контрола и удрил во дрво. 

„Вчера во 13:45 на патот Битола – Пелистер, на пат за Голема ливада, патничко возило „даеву матиз", со битолски регистарски ознаки, управувано од К.И.(74) од Битола, изгубило контрола и удрило во дрво. Во незгодата, сопатничката И.Н.(69) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Битола, каде била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола “, информира МВР.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе