Тешка сообраќајка во Прилеп

Возач со автомобил удри и повреди двајца возрасни и две деца во Прилеп

Возач со автомобил удри во четворица пешаци, од кои две се деца. Сообраќајната несреќа се случила во Прилеп. Од ударот тројца од пешаците се телесни повредени, а еден е со тешки повреди.

Вчера во 22:06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври" патничко возило „голф", со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп.

Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе