Возач со автомобил тешко повредил пешак и побегнал

Пешак од село Мала Речица се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од од моторно возило на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера околу 16:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато" во Тетово, патничко возило „фиат браво", со непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот А.А.(57) од с.Мала Речица, тетовско, по што го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе