Тешка сообраќајка

Возач со автомобил тешко повреди девојка

Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато" , вчера околу 18,30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф" со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот".

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово.

Случајот е пријавен во полицијата од каде велат дека ги утврдуваат причините. 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе