Возач превезувал мигранти од Куба, меѓу нив и дете

Полицијата уапси скопјанец кој криумчарел мигранти од Куба, а МВР информира дека меѓу нив имало и малолетник. Осомничениот З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„На 13.10.2021 околу 20.00 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица" го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје. При контрола во возилото „пежо", со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг" во Гевгелија.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе