Куманово

Возач од Богданци криумчарел 30 мигранти

Полицијата уапсила возач од Богданци откако во комбето што го управувал открила 30 мигранти, завчера во Куманово. Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.М.(30) е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти.

Полициски службеници во неделата на автопат Скопје - Куманово, после наплатна рампа Романовце, сопреле комбе „форд транзит“, што го управувал пријавениот.

Возачот не застанал на дадениот знак и продолжил да вози кон Куманово. На булеварот 3-та Македонска ударна бригада, во близина на зеленото пазарче, возачот скокнал од комбето, по што комбето се судрило со друго паркирано возило.

По прегледот во возилото биле пронајдени 30 мигранти, од кои 28 од Пакистан и двајца од Авганистан, меѓу кои и две малолетни лица.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе