Возач нападнат откако направил сообраќајка

Момче од Скопје било нападнато од маж откако прво предизвикало сообраќајна несреќа, информира МВР.

„Вчера во 22:30 во СВР Скопје, А.И.(20) од Скопје пријавил дека пред сендвичара на бул. Партизански одреди во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу „фиат пунто", кое тој го управувал, патничко моторно возило„опела астра" со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Г.(23) од Куманово и патничко моторно возило„масерати" со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(27) од Скопје бил физички нападнат од совозачот во патничко моторно возило„масерати" Г.Б.(38) од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе