Возач на БМВ удрил и тешко повредил велосипедист

Велосипедист на 65 години е тешко повреден откако во него удрил возач на БМВ вчера во Тетово. Сообраќајната незгода се случила на булеварот „Маршал Тито" околу 10 часот. 

Во СВР Тетово во 10.20 часот било пријавено дека на бул. „Маршал Тито“ патничко моторно возило бмв со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А. (35) од Тетово, удрило во велосипед управуван од Ј.П.(65) од Тетово. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе