Возач на автомобил удрил во бетонски столб, совозачот тешко повреден

Возач на автомобил изгубил контрола и удрил во бетонски столб. По незгодата сопатникот во автомобилот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Според МВР сообраќајката се случила вчера околу 18.15 часот на локалниот пат село Фалише – Тетово, кога патничко моторно возило фолксваген пасат со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(23) од Тетово, изгубило контрола и удрило во бетонски столб.

По незгодата, сопатникот С.М.(36) бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе