Возач на автобус починал на превојот Стража, му се слошило и паднал во безсознание

Возач на автобус починал од неутврдени причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Според СВР Тетово синоќа на превојот„Стража“ починал Г.Д (37) од Скопје, возач на автобус „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици, пренесува МИА.

Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на „Стража“, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе