Возач избегал по верижен судир, полицаец е повреден

На наплатна рампа „Миладиновци" вчера во 6.44 часот се случила сообраќајна незгода во која повреден е полицаец.

Во несреќата учествувале товарано возило „фолксваген транспортер", со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(29) од Пробиштип, товарно возило „фолксваген транспортер", со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „опел", со штипски регистарски ознаки кои припаѓале на патничко возило „лада", управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.

„Во незгодата, со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски" за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе