Едниот на лице место, другиот во болница

Возач и совозач загинаа во тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

Момче на возраст од 23 години почина во Клиничкиот центар во Скопје по тешка сообраќајка која вчера се случила на патот Куманово - Крива Паланка. На местото на несреќата починал и возачот кој го управувал автомобилот во кој починатото момче било сопатник.

Според МВР, сообраќајката се случила вчера околу 09.40 часот на патот Куманово - Крива Паланка, на место викано „Чешмиче", пред с.Страцин. Во незгодата учествувале фиат пунто, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(55) од с.Железница и патничко возило „фиат пунто", со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола.

Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од с.Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ. починал. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе